Факултетот за современи општествени науки при УЈИЕ беше основан во 2001 како единствен и прв факултет во оваа академска дисциплина во Република Македонија и во регионов. Факултетот подготвува идни лидери главно за владините институции како и за невладините организации. Нашите програми ја поврзуваат теоријата со практиката како еден од најважните услови за здобивање вештини, знаења и способности за успешна кариера во јавната администрација.
Студентите од Факултетот за современи општествени науки во текот на тригодишните студии ќе се здобијат со знаења за јавниот менаџмент, правото, економијата, квантитативните методи, ќе се здобијат со вештини за истражување , ефективна комуникација и со менаџирање во јавната администрација. Дипломираните ќе можат да придонесат за креирање, имплементација и за евалвација на јавните политики за доброто на општеството.
Факултет за современи општествени науки е активно вклучен во меѓународната академска соработка со универзитетите и институтите, односно со Институтот за јавна администрација (Париз), Школата Спаер (Германија), Универзитетот од Питсбург, Универзитетот Индијана, Универзитетот Апалачијан (САД). Преку академската соработка се овозможува размена на академски кадар и студенти, организација на научни и стручни состаноци, конференции, семинари и публикации.
Ова се дел од размислувањата на студентите за начинот на кој го гледаат факултетот:
Ова се дел од размислувањата на студентите за начинот на кој го гледаат факултетот:
Поддржете ја нашата работа: