Шкорпија со големина на куче! Откриена e во Кина

Морски скорпион долг 1 метар ги населувал морињата на денешна Кина пред околу 435 милиони години.

Археолозите неодамна открија остатоци од овој вид (Terropterus xiushanensis), кој бил еупкриптид – древен членконог тесно поврзан со денешните пајаковидни ракови.

Како што се наведува во студијата, карактеристично за него биле бодликавите екстремитети, за кои се претпоставува дека се користеле за фаќање на пленот, пишува Коавторот на студијата Бо Ванг, од Институтот за геологија Нанџинг, на Кинеската академија на науките.

Страшниот предатор живеел за време на Силурскиот период, пред околу 440 милиони години, а се верува дека претежно се хранел со риби и мекотели.

Новоопишаниот вид, T. xiushanensis, е првиот откриен што припаѓа на семејството Миксопертиада, велат истражувачите.

„Нашето знаење за овие бизарни животни е ограничено на само четири вида во два рода опишани пред 80 години: Mixopterus kiaeri од Норвешка, Mixopterus multispinosus од Њујорк, Mixopterus simonsoni од Естонија и Lanarkopterus dolichoschelus од Шкотска“, напишаа Ванг и колегите во студијата.

Т. xiushanensis постоел во времето на суперконтинентот Гондвана, кој се формирал откако поголемиот суперконтинент Пангеа се распаднал на два дела.

Поддржете ја нашата работа: