Што копираше Дизни? СЕГОВИЈА, градот за најубавите бајки

Најпознатиот град во шпанската покраина Кастилја, Сеговија, е местото кое беше едно од фаворитите да стане европски град на културата за 2016 година.

Има и зошто. Ако за момент погледнете, неговата архитектура веднаш ќе ве однесе во некое друго време, далеку од секојдневните грижи и стресот на модерното живеење.

Таму се наоѓа најголемата концентрација на романтичарски цркви од 12 и 13 век во цела Европа. Ова шармантно гратче има голема пешачка зона преполна со мали улички во кои вистински ќе уживате. Стариот дел на градот е ограничен со три километри долгите градски ѕидини, околу кои се наоѓа голем парк со шеталишта.

Дворецот Алказар

На северозападниот дел на ѕидините е сместен познатиот дворец Алказар, резиденција на кралевите на Кастилја и инспирација на Волт Дизни за создавање на дворецот од неговите дела. Во оваа палата кралицата Изабела на морепловецот колумбо му ветила финансиска помош за неговите истражувачки мисии.

Аквадуктот во Сеговија

На југоисточниот дел на стариот град се сместил величествен римски аквадукт, изграден за време на владеењето на царот Трајан, во првиот век од новата ера. Оваа градба е најдобро зачуван аквадукт од овој вид во целиот свет. Своевремено имал задача да пранесува вода од 16 километри оддалечената река Фрио.

Величественото здание е изградено од 24 илјади камени блокови, без употреба на каква било леплива маса. Има 165 лакови, а највисоката точка е околу 30 метри!

Катедралата во Сеговија

Највисоката градба во Сеговија е катедралата од 16 век, сместена на главниот плоштад, Плаза Мајор. Истовремено претставува и една од најголемите готски градби во Европа и во светот.

Квартот Кабалерос

Ако патот ве однесе до Сеговија, не заборавајте да го посетите и квартот Кабалерос, сместен во внатрешноста на градските ѕидини. Прошетката низ овој дел ќе ви овозможи уживање во архуитектурата на бројни цркви, одбранбени и стражарски кули и прекрасни благороднички живеалишта.

Летните вечери во Сеговија се мошне пријатни благодарение на поголемата надморска височина на која се протега овој величествен град. Интересно е што дел од него лежи на надморска височина од 750 метри, а дел се издигнува на неверојатни 2400 метри надморска височина.

Во Сеговија денес живеат околу 55 илјади жители од кој најголем број се занимаваат со туризам. За туристите е мошне достапен бидејќи е сместен на само 65 километри од шпанската престолнина, Мадрид.

Поддржете ја нашата работа: