(ФОТО) 30 илјади домати од еден корен

Ова огромно „доматно дрво“ расте во експерименталната оранжерија на Волт Дизни ресортот во Буена Виста, Флорида и веројатно претставува најголемото единечно доматно растение во светот.

2464

Растението е признаено како носител на Гинисов рекорд со принос од над 32.000 домати и вкупна тежина од 522 килограми.

Оваа статија решивме да ја објавиме со цел да покажеме дека во светот постојат многу нови идеи, технологии, решенија и дека иако сме земја која го промовира и стимулира земјоделието сепак ретко кој размислува за воведување на иновации и новини во секторот. Не секогаш парите се клучни за развој и иновација, некогаш е доволно само да се погледне некое видео на интернет или да размените некоја порака на некој форум со луѓе кои ги интересира истата работа или се соочуваат или веќе се соочиле со истиот проблем.

Јонг Хуанг, менаџерот за земјоделски науки на Епкот го открил ова уникатно дрво во Пекинг, Кина. Тој го донел семето во Епкот и направил специјална оранжерија за да може дрвото да расте. Дрвото раѓа домати со големина на топче за голф, кои се служат во рестораните на Волт Дизни.

2464f

Посетителите можат да го видат ова дрво – рекордер во рамките на бродската тура „Да се живее со земјата“ (Living With the Land) во Епкот.

Поддржете ја нашата работа: