Истрачувачи ја откриле првата бремена египетска мумија

Полски научници објавија дека ја откриле првата бремена египетска мумија во светот додека ги проучувале остатоците стари 2.000 години чувани во Националниот музеј во Варшава.

Откритието беше неочекувано, бидејќи натписите на ковчегот на мумијата сугерираа дека останките припаѓаат на машки свештеник. Мумијата е донирана на Универзитетот во Варшава во 1826 година, а археолозите дури неодамна извршија детална анализа, пишува „Live Science“.

Х- ray и CT-снимките од мумијата откриваат дека остатоците припаѓаат на жена и не се совпаѓаат со податоците за ковчегот, што сугерира дека станува збор за остатоци на свештеникот Хор-jeехути од античка Теба, чие име било испишано во ковчегот .

„Ова беше големо изненадување затоа што баравме антички болести или причини за смрт. Мислевме дека ова е тело на свештеник “, рече главниот автор и ко-водач на проектот Војчех Ејсмонд.

Подеталната анализа покажа дека станува збор за остатоци од жена која починала на возраст од 20 до 30 години и била бремена од 6,5 до 7,5 месеци.

„Сопругот, египетски археолог и јас нарачавме рендгенски зраци и забележавме позната глетка за сите родители во нејзиниот стомак – мало стапало“, рече Марзена Озарек-Шилке, антрополог и археолог на Универзитетот во Варшава.

„Не знаеме зошто фетусот не бил изваден од починатата за време на мумификацијата. Ова е прв ваков случај, „нашата“ мумија е единствената во светот за која е откриено дека е со фетус “, објасни Ејсмонд.

Како што веќе споменавме, врз основа на анализата на хиероглифите пронајдени на саркофагот, за мумијата првично се сметаше дека е свештеник кој живеел помеѓу првиот век пред нашата ера и првиот век од нашата ера.

Научниците сега веруваат дека сепак станува збор за постара мумија и ги испитуваат можните причини за смрт. Мумијата не била отворена, но според едно скенирање, жената имала долга виткана коса до рамената.

Истражувањето е објавено на 28 април во академскиот журнал за археолошка наука.

„Оваа мумија отвора нови можности за истражување на бременоста и мајчинството во античко време“, се вели во написот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt