Леталото на мисијата „Артемис 1“ отпатува на рекордни 430.000 километри оддалеченост од Земјата

Вселенската капсула Орион на НАСА отпатува на рекордни 430.000 километри оддалеченост од Земјата со што ја помина најдалечната дистанца што некое вселенско летало дизајнирано да носи луѓе некогаш ја достигнало.

„Би-Би-Си“ пренесе дека леталото не било со екипаж за оваа прилика, но доколку го заврши својот лет без никакви инциденти, следниот пат со него ќе патуваат и астронаути.

Програмата „Орион лунар“ е дел од мисијата „Артемис 1“ преку што американската вселенска агенција се обидува да ги врати луѓето на површината на месечината по повеќе од 50 години.

Најновиот рекорд што го постави леталото Орион ја одбележа средишната точка на мисијата за повторно патување на месечината.

„Оваа половина од патот ни овозможува да се повлечеме чекор назад и да погледнеме кои се нашите маржи и каде сме згрешиле, а каде може да бидеме попаметни за да го намалиме ризикот и да ги разбереме перформансите на вселенското летало за следниот лет да биде со екипаж“, изјавил Мајк Сарафин, менаџерот на мисијата „Артемис 1“.

Поддржете ја нашата работа: