Научниците создадоа антена од ДНК, ќе се користела „за арно“

Научниците ја создадоа најмалата антена во досегашната историја на технологијата – само пет нанометри во должина. За разлика од нејзините многу поголеми аналози,  оваа минијатура не е направена за пренос на радио бранови, туку за собирање на тајните на протеините кои постојано се менуваат, пренесува Nature Methods.

Наноантената е направена од ДНК, молекули кои носат генетски инструкции кои се околу 20.000 пати помали од човечко влакно. Таа е исто така флуоресцентна, што значи дека користи светлосни сигнали за снимање и пренос на информациите.

Дел од иновацијата со оваа конкретна антена е начинот на кој нејзиниот дел од приемникот исто така се користи за да ја почувствува молекуларната површина на протеинот што го проучува. Тоа резултира со посебен сигнал кога протеинот ја исполнува својата биолошка функција.

„Како двонасочно радио кое може и да прима и да пренесува радио бранови, флуоресцентната наноантена прима светлина во една боја, или бранова должина и во зависност од движењето на протеинот што го чувствува, потоа ја пренесува светлината назад во друга боја, која можеме да ја откриеме“, вели хемичарот Алексис Вале-Белис, од Универзитетот во Монтреал (UdeM) во Канада.

Поточно, работата на антената е да ги мери структурните промени во протеините со текот на времето. Протеините се големи, сложени молекули кои ги извршуваат сите видови основни задачи во телото, од поддршка на имунолошкиот систем до регулирање на функцијата на органите.

Меѓутоа, додека протеините брзаат да ја вршат својата работа, тие подлежат на постојани промени во структурата, преминувајќи од состојба во состојба во многу сложен процес што научниците го нарекуваат протеинска динамика. И науката до сега немаше добри алатки за да ја следи оваа динамика.

„Можеби она што најмногу нè возбудува е сознанието дека многу лаборатории ширум светот, опремени со конвенционален спектрофлуорометар, би можеле лесно да ги искористат овие наноантени за да го проучуваат нивниот омилен протеин, како на пример да идентификуваат нови лекови или да развијат нови нанотехнологии“, велат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: