Научници преточија пајакова мрежа во музика – еве како звучи

Пајаците многу се потпираат на допирот, како инструмент за да го насетат светот околу нив. Нивните тела и нозе се покриени со ситни влакна и процепи што можат да разликуваат различни видови на вибрации.

Пред неколку години, научниците ја трансформираа тродимензионалната структура на пајаковата мрежа во музика, соработувајќи со уметникот Томас Сарацен за да создадат интерактивен музички инструмент наречен Spider’s Canvas. Сега експертите ја усовршија и надградија таа претходна работа и додадоа интерактивна компонента за виртуелна реалност за да им овозможат на луѓето да влегуваат и да комуницираат со мрежата.

Ова истражување само ќе им помогне на научниците подобро да ја разберат тродимензионалната структура на пајаковата мрежа, а исто така може да ни овозможи да го научиме вибрациониот јазик на пајакот.

Поддржете ја нашата работа: