ОН: Повеќе смртни случаи поради загадена животна средина отколку од ковид-19

pixabay

Загадувањето на животната средина предизвикува поголем број смртни случаи во светот отколку ковид-19, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации.

Специјалниот известувач на ОН, Давид Бојд, информира дека најмалку девет милиони предвремени смртни случаи се предизвикани од загадување или токсини во околината, а тој број е за двојно поголем од смртните случаи евидентирани во првите 18 месеци на пандемијата од ковид-19.

Во светот од болест поврзана со загадената околина, умира секој шести човек на планетата, што е 15 пати повеќе од бројот на смртни случаи од насилство, се истакнува во извештајот.

Загадениот воздух најмногу придонесува за смрт. Во извештајот се проценува дека токму загадениот воздух предизвикува околу седум милиони смртни случаи во текот на една година.

Најмногу смртни случаи поврзани со загадениот воздух главно се евидентирани во земјите со ниски и со средни приходи. Таму, тој е одговорен за 90 отсто од смртните случаи кај популацијата.

Работниците кои се директно изложени на штетни материи се изложени на посебен ризик. Годишно умираат над 750 000 лица во оваа категорија.

Во извештајот се наведува и дека влијанието на загадената животна средина врз здравјето на човекот е поврзано и со останатите еколошки кризи, како на пример, климатските промени и изумирање на биолошката разновидност.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.