Што е тоа микроклима и микрометеорологија?

Микроклима е просечна состојба на атмосферата во приземниот слој на воздухот кој е висок до 2 метра, над површината на Земјата. Таа е под непосредно влиојание на почвата, па поради тоа се карактеризира со големи временски и просторни промени на температурата, влагата и ветрот.

Во приземниот слој во текот на денот и во текот на годината метеоролошките елементи значително се менуваат. Особено големи се промените во висинската разделеност на температурата, влагата и др. Вертикалните температурни градијанти значително ги надминуваат температурните градијанти во останатите слоеви на атмосферата. Во хоризонтална насока исто така на мали оддалечености се големи разликите во микроклимата.

Прочувањето на микроклимата е важно затоа што најголем дел од човечката активност се одвива во тој слој на атмосферата (микроклима во поле на пченица, пченка, компир, на слободен и осојничав дел на тлото и др.).

Називот микроклима исто така се употребува и при опишување на вештачки предизвикани состојби на воздухот (температура, влажност) во затворени простори. Со некои природни процеси се јавува претерана влажност или превисока температура на воздухот односно општо лоши микроклиматски работни услови. Нивното подобрување се постигнува со воведување на уреди за климатизација, измени во процесот на работата и др.

Микрометеорологијата е гранка на метеорологијата која се занимава со проучување на физичките процеси во најнискиот слој на воздухот, т.е. на долната граница на атмосферата. Влијанието на почвата (тлото) врз целата атмосфера е од основна важност: атмосферата се грее и лади во текот на денот и во текот на годината претежно со посредување на почвата; водената пареа доаѓа од атмосферата со испарување од тлото; тлото со триење значително дејствува врз струењето на атмосферата, итн. Во граничниот приземен слој на воздухот се појавуваат најголемите контрасти во метеоролошките прилики.

Микрометеорологијата се применува во ботаниката, особено во екологијата, во земјоделието, шумарството и во зоологијата, особено во ентомологијата, во медицината, градежништвото (изградба на куќи, улици, железници и комуникации) и во урбанистиката.

Често микрометеорологијата се нарекува микроклиматологија.

Поддржете ја нашата работа: