13. Саем за вработување на студенти

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје го организира тринаесеттиот по ред Саем за вработување и кариера – Job Fair 2017, кој ќе се одвива во периодот 3-12 април.

Oфицијалното отворање ќе се одвива на 3 април во амфитеатарот на Технолошко-металуршки факултет, а останатите денови од саемот ќе се одвиваат на кампусот на техничките факултети во периодот од 3-7 април и на АФ/ГФ во периодот од 10-11 април.

Job Fair е најголемиот и најсериозниот настан кој БЕСТ Скопје го организира, а воедно е и местото каде студентите можат да се информираат за сѐ она кое го нудат компаниите учеснички, како и за потенцијално идно работно место или пракса. Додека пак, компаниите имаат можнст да стапат во контакт со нивните потенцијални вработени.

„Нашата цел е да ги доближиме амбициите на студентите поблиску до компаниите, и да бидеме дел од нивниот чекор поблиску до кариерата. Минатата година Job Fair се покажа како најуспешен досега, со вкупно 36 присутни компании“, велат организаторите.

Според нив, овој саем е одлична можност за студентите да добијат пракса или работа во некоја од најдобрите компании во земјата. Она што е потребно е да го остават своето CV na  www.jobfair.org.mk и со тоа нивните биографии стануваат дел од датабазата до која имаат пристап сите компании – учеснички од Република Македонија и надвор од неа, во текот на целата година.

Компаниите на овој саем ќе имаат можност да држат бесплатни предавања, soft skills тренинзи, презентации, натпревари на кои ќе можат да учествуваат студентите таргетирани токму од нив.

За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на настанот: www.jobfair.org.mk

Поддржете ја нашата работа: