Работа од соништата: Знаете ли колку заработуваат вработените во Нинтендо, Јапонија?

Нинтендо на својата официјална страна за вработување ја објави годишната плата на своите вработени во Јапонија, како и други интересни информации.

Вработените во Јапонија работат помалку од осум часа дневно, а заработуваат околу 90 000 долари годишно – пишува на страницата.

Компанијата која се бави со изработка и дистрибуција на видеоигри и конзоли, изненадувачки е дарежлива кон своите вработени. Daniel Ahmad од Niko Partners, објави изненадувачки информации за една од најуспешните гејминг компании во светот.

Моментално Нинтендо во Јапонија вработува 2271 вработен, со просечна годишна плата од 80 600 американски долари. Што е најдобро од се, бенефициите не се ограничени со големата сума – Нинтендо на вработените им плаќа патни трошоци, ги наградува со бонус два пати во годината, и имаат гарантиран годишен бонус.

Јапонската компанија во 2019 година планира да вработи 81 дипломци, што е многу повеќе од 59 те вработени во 2018 година. Просечната возраст на вработените е 38 години, додека просечниот работен век во компанијата е околу 13 години.

Просечно работниот ден трае 7 часа и 45 минути, во вклучен еден час пауза. Вработените мораат да стигнат на работа во 8:45 наутро, додека програмерите почнуваат во 9:30 часот.Седиштето на Нинтендо се наоѓа во Кјото, а главната подружница им е во Токио.

Поддржете ја нашата работа: