CIA објави документи за НЛО

Американската разузнавачка агенција „CIA“ на својата веб страница објави неколку документи за НЛО (Неидентификуван летечки објект), за кои веруваат дека ќе бидат интересни и за скептиците и за оние кои веруваат дека „вистината е таму некаде“.

Интересно е тоа што објавувањето на овие податоци се совпаѓа со излегувањето на новата сезона на серијата „Досиеја Х“, па од агенцијата шеговито нагласуваат дека се сигурни дека агентот Фокс Молдер би бил заинтересиран за истите, алудирајќи на главниот лик од серијата.

dokumenti-cia-nlo-teorii-02

Документите главно датираат од 1940-тите и 1950-тите години и вклучуваат извештаи за летечки чинии над тогашна Источна Германија, Шпанија и Северна Африка во 1952 година, како и истражување на извештаите за забележани НЛО во истата година.

Извештајот за Источна Германија вели дека „објект кој наликува на огромно тавче со дијаметар од 15 метри слетал на чистинка во шумата, во советската зона на Германија.

„Забележан е објект кој остава трага од чад над Барселона, и невообичаен објект кој испушта бледо зелена светлина над тунискиот град Сус“, се вели во извештаите од Шпанија и Северна Африка.

Агенцијата исто така објави извештај за „две огнени дискови“ кои прелетуваат над рудник за ураниум во тогашен белгиски Конго, како и записници од состанок на ЦИА на кој се дискутира за НЛО.

Фотографиите кои ЦИА ги објави на веб страницата вклучуваат необјаснета појава над Минеаполис во 1960 година, и уште една над Шефилд, Велика Британија две години подоцна.

Иако целата работа личи на добро изработена стратегија за промоција на холивудски проект, која се покажа како неверојатно успешна кај продолжението на филмот „Војна на Ѕвездите“ кој досега заработи преку 2 милијарди долари.

Сепак секој може да одлучи сам и да ги погледне оригиналните документи па да донесе одлука.

Комплетните документи можете да ги погледнете преку следиот линк кој ќе ве однесе на официјалната страна на „CIA“

https://www.youtube.com/watch?v=KFT_1s-YfDQ

Поддржете ја нашата работа: