Оваа теорија е предложена од страна на тимот „UFO Hunters“ или ловци на НЛО, кои тврдат дека нацистите имаат изградено тајна НЛО база на Антарктикот за време на Втората светска војна, пренесува „Daily Mail“.

Огромната тинствена аномалија на Антарктикот се протега на 240 километри и достигнува максимална длабочина од околу 850 метри. Откриена е на областа замрзната пустелија позната како Вилкис Ленд. Тимот на НЛО ловци, оваа бизарна теорија редовно ја објавуваат на страниците на теорија на заговор под наслов „SecureTeam10“.

nlo
“Денес научниците немаат идеја или начин како да откријат што е закопано длабоко под мразот. Овој континент е опкружен со мистерии веќе со години наназад”, велат НЛО ловците.

“Постојат докази кои излегуваат на виделина последните неколку години, со слики кои укажуваат на различни влезови изградени по страните на планините на голема надморска височина во форма на плочи. Се поставува прашањето: Како ќе влеземе во тој простор без летечки објект кој е со ист облик како и самиот влез?“, велат во едно нивно видео.

Луѓето кои се занимаваат со теории на заговор ја разгледуваат можноста за инволвираност на американската морнарица во истражувањето на таинствената аномалија, а некои мислат дека оваа мисија наречена скок во височина“ е обид да се најде влезот на скриениот свет под Земјата.

Невообичаената аномалија под Антарктикот за прв пат беше забележана од страна на НАСА при преглед на снимки во 2006 година. Некои истражувачи веруваат дека аномалијата е резултат на удар од астероид два пати поголем од оној кој ги истреби диносаурусите.

“Влијанието на т.н Вилкис Ленд, доста е поголемо од влијанието на астероидот кој ги уби диносаурусите, а веројатно ќе предизвика и катастрофални штети”, вели Ралф Вон Фрис, поранешен професор по геолошки науки при Државниот универзитет во Охајо, кога го открил кратерот во 2006 година.

sec1
“Секоја промена во животната средина настаната како резултат на удар би резултирала со средина во која е тешко да се преживее. Оттука има смисла да се каже дека во таквите моменти изумреле доста живи организми”.

Ова не е прв пат да се направи теорија на заговор врзана за длабочините на Антарктикот. Претходно оваа година, друга теорија тврди дека е откриена таинствена пирамида на Антарктикот.

Теоретичарите на заговор објавија видео на „YouTube“ каналот, во кое тврдат дека американскиот државен секретар Џон Кери ја посетил оваа база во внатрешноста на пирамидата минатиот месец. Погледнете го видеото.

Во видеото јасно се гледа дека сликите се преземени од „Google Earth“, но не е јасно дали материјалите се дополнително обработувани. „Third Phase of the Moon“ е уште еден канал кој се бави со теории на заговор и вонземјани.

На видеозаписот се гледа структура, налик пирамида опкружена со снег, со ознака на „Google“ на фотографијата, а квалитетот на материјалот укажува на тоа дека сликата е најверојатно фалсификувана. Не е јасно што би можела да биде таа структура, но изгледа како природен планински врв.

pir1
“Фотографиите на пирамидални структури се обработувани, монтирани фотографии со цел планината да изгледа повеќе како пирамида, или едноставно е слика од природни формации кои настанале со преместување на глечерите и ерозија”, вели Нигел Вотсон, автор на прирачникот за НЛО истрагата во изјавата за „MailOnline“.

Поддржете ја нашата работа: