Македонија во декласифицираните документи на ЦИА

Околу 13 милиони страници на декласифицирани документи од Централна разузнавачка агенција на САД (ЦИА) се објавени на интернет, меѓу кои и разузнавачки информации за Македонија, Југославија, како и за повеќе други држави.

Документите вклучуваат и истражувања за НЛО и психички експерименти од програмата „Старгејт“, која одамна е интерес на заговори.

Овој потег следи по долги напори од здруженија кои се залагаат за слобода на информирање и тужба против ЦИА.

Целосната  архива е составена од речиси 800 000 датотеки. Тие претходно биле достапни самo на четири физички компјутери кои се наоѓаат во задниот дел на библиотеката на Националниот архив во Мериленд, од 9 до 16:30 часот секој ден.

Во колекцијата можат да се најдат документи од 1940-та до 1990-та година и се однесуваат на раната историја на ЦИА, Студената војна, Виетнам, Проектот берлински тунел, Корејската војна, шпионските авиони У-2, развојот на тероризмот, како и детални извештаи за глобални воени и економски прашања. Но, има и документи кои се однесуваат и на случувањата поврзани со Македонија и Балканот.

cia makedonija

Ако напишете macedonia на пребарувачот ќе ви излезат еден куп документи на ЦИА за Македонија и само ако ги прочитате насловите ќе ви стане јасно колку ресурси трошеле Американците уште пред 70 години и какви се не информации собирале Makedразузнавачките служби.

ЕНаука.мк во наредниот период ќе отпочне со серијал на статии под наслов : ТАЈНИТЕ НА ЦИА и ќе се обиде да извлече што е можно повеќе интересни информации посебно за Македонија и регионот.

 

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.