Во Иран сѐ уште функционираат 1000 години старите ветерници

На североистокот во Иран се наоѓаат ветерници кои се стари 1000 години и сѐ уште се во функција. Овие неверојатни ветерници се меѓу најстарите на светот, но единствени кои сѐ уште си ја вршат работата.

Ветерниците се наоѓаат во градот Наштифан, кој некогаш се викал Ниш Тофан или оружје на молњата, илјада километри источно од главниот град Техеран.

Ветерниците издржувале ветрови од 33 m/s. Иако се верува дека настанале во источна Персија помеѓу 500-900. година, единствени се по тоа што се во функција веќе неколку векови. Направени се од глина, слама и дрво, високи се 20 метри.

Во ова подрачје постојат уште триесет слични ветерници, но овие во Наштифан во 2002 годна се регистрирани како национално наследство. Не постојат други толку стари ветерници кои сѐ уште се во функција.

Поддржете ја нашата работа: