3Д печатење на стакло ( Погледнете ја оваа прекрасна технологија )

Истражувачите од МИТ  во САД , претставија 3Д печатење што користи уште еден медиум – стакло.Тие развиле систем наречен  „G3DP“, за кој што велат дека е првата целосно функционална метода на истиснување на материјал во светот за 3Д печатење на оптички транспарентно стакло.

Во прекрасното видео каде што може да се види процесот во акција , се гледа како , слој по слој од стакло , комлексно се спојува и креира прекрасни , сложени структури  со дигитална прецизност , што со традиционалното дување на стаклото не може ни да се замисли да се постигне.

Техниката во основа претставува спој од конвенционалниот начин на правење на стакло и дигитално контролирани прскалки што го поставуваат стаклото , според  дизајн нацртан во 3Д „CAD“ програма.Главната работа е да се донесат сите тие различни компоненти заедно , така што 3Д печатачот да може да ги издржи екстремно високите температури коишто се потребни.Кертриџот над прскалката од печатачот работи на температура од околу 1037 степени Целзиусови! Термичките слики што блескаат на видеото , покажуваат колку е сериозна работата.

Истражувачите од МИТ не се фокусирани  само на убавината на  физичките форми , туку , исто така и на начинот на кој светлината  поминува низ досега невозможни стаклени структури.„Подесувaњата , овозможени од геометриските и оптичките варијации , водени од формата , транспарентноста и варијациите на бојата можат да го носат , лимитираат или да го контролираат преносот , рефлексијата и прекршувањето на светлината , а со тоа  да имаат и значителни импликации за сите видови стакло“- велат истражувачите.

Може и така да се каже , но може и веднаш да скокнете на 3:08 во видеото и да видите што се случува кога ќе заблеска светлина низ овие дела. Прекрасно!  


НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.