Имаме 12 години да спречиме катастрофа од климатските промени

СПОДЕЛИ

Водечките научници за климатски промени предупредуваат дека остануваат само 12 години за го задржиме глобалното затоплување до максимално ниво од 1,5 степен. Само половина степен над тоа, значително ќе ги влоши ризиците од суша, поплави, екстремна топлина и сиромаштија за стотици милиони луѓе.

Во извештајот на меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени (ИПЦЦ), објавен во понеделникот, се вели дека се неопходни промени за задржување на идеалните температури, за да се избегнат катастрофални последици од глобалното затоплување.

До проценките, научниците дошле со помош на резултатот од сегашните емисии на штетни гасови. Имено, дури сега сме на 1 Целзиусов степен раст на глобалните температури. За да се избегне поголем раст се потребни огромни глобални напори во следните години.

“Ова е загрижувачки податок бидејќи знаеме дека не чекаат огромни проблеми доколку надминеме 1,5 степен. Тука се топлотни бранови и жешки лета, раст на нивото на морето и за целиот свет уште поголеми суши и екстремни дождови”, вели Ендру Кинг од Универзитетот во Мелбурн.

Целта е да се намалнат глобалните емисии на CO2 за барем 45% до 2030 година, а да се стигне на нулта ниво до 2050 година, за да се задржи растот на температурите на 1,5 степени. Технички ова е изводливо, меѓутоа бара огромни промени во производството на енергија, индустријата, градежништвото, транспортот и урбанизацијата.

Кинг предупредува дека драстично се намалува просторот во кој можеме да делуваме за да ја постигнеме таа цел. Во извештајот се предупредува дека климатските промени веќе се одвиваат околу нас, а ситуацијата може значително да се влоши доколку не се превземат соодветни мерки.

Дискусија

Коментари