7 митови за мозокот

Честопати се нарекува „команден центар”, на телото и служи за функционалност на другите органи преку милијарди неврони и други клетки. Поради комплексноста на највредниот орган во телото, постојат неколку митови во кои повеќето од нас веруваат. Значи, ако се уште верувате дека ние користиме само 10% од нашиот мозок, размислете повторно!

1. Поголемо е подобро

Верувањето дека поголемиот  мозок ве прави попаметни е честа заблуда. За докажување на недоследноста, ние треба само да погледнеме во мозокот на различни животински видови. На пример, многу инсекти со мозок не поголема од  врв на игла се всушност  интелегентни, а во некои случаи и повеќе, отколку многу поголеми животни. Додека мозокот на китот просечно може да тежи околу 10 kg, тeшко дека можеме да тврдиме дека се поинтелигентни од луѓето со просечен мозок 1,4 кг.

2. Алкохолот ги убива мозочните клетки

Загрижени сте за тоа како многу мозочни клетки убивате во една забавна ноќ? Нема потреба. Иако консумирањето алкохол може да ја попречи работата на невротрансмитерите, хемикалиите во мозокот одговорни за комуникацијата помеѓу мозокот и другите делови од телото, ефектот е реверзибилен. Сепак, континуирана изложеност на алкохол може да резултира со невролошка состојба – Верник-Корсаков синдром, познат и како „Влажен мозок”.

3. Лековите создаваат празнини во нашиот мозок

Физичката траума е единствениот начин за создавање на дупка во нашиот мозок. Додека лековите, исто така, влијаат на функцијата на невротрансмитерите во мозокот, ефектот може да биде и обратен. Во случај на хронична употреба на лекови, сепак, преголемата стимулација и замена на невротрансмитерите како допамин, може да резултира со влошување на менталните функции со текот на времето.

4. Имаме 100 милијарди мозочни клетки

Во овој мит веруваа повеќето научници се до неодамна. По години на истражувања, кои проценија дека во човечкиот мозок има околу 100 милијарди неврони, една студија објавена во 2009 година откри дека нашиот мозок всушност е домаќин на околу 86 милијарди неврони. Мислите дека 14 милијарди неврони не прават голема разлика и зошто воопшто се мачеле? Четиринаесет милијарди неврони се еднакви на целата големина на мозокот на бабуните.

5. Ние користиме 10% од нашиот мозок

Една неодамнешна анкета спроведена од страна на фондацијата Мајкл Џ. Фокс откри дека 65% од испитаниците се под впечаток дека луѓето користат само 10% од нивните мозоци. Во реалноста, ние целосно го користиме мозокот при извршување на секојдневните задачи како одење на работа и дишење. Моторната функција, говорот и другите способности се користат со секој милиметар на големиот, малиот мозок, фронталните лобуси итн.

6. Користиме една страна на нашиот мозок повеќе од другата

Спротивно на популарното верување, ние не користиме една страна на нашиот мозок повеќе од останатата. Книгите за самопомош и тестовите на личност велат дека луѓето кои се вешти во логика и анализирање имаат доминантна лева мозочна хемисфера, додека креативците и уметниците, десна. Но една студија во која беа вклучени над 1.000 лица/мозоци не пронајде докази дека одредени луѓе се со поголема веројатност да ја користат левата или десната страна на мозокот.

7. Ние имаме само 5 сетила

Вид, слух, вкус, мирис и допир се само петте традиционални сетила кои ги препознаваме. Човечкиот мозок всушност контролира многу повеќе од пет сетила. Неколку примери се термоцепцијата (нашето сетило за топло и ладно), eквилибриоцепцијата (нашето сетило за рамнотежа и движењето на телото) и ноцицепцејата (нашето чувство за болка).

 

Поддржете ја нашата работа: