7 нешта што телото ги прави по смртта

Повеќето од нас не сакаат да размислуваат за тоа што се случува со нашето тело по смртта. Смртта настапува кога срцето ќе престане да чука, а со тоа престанува и дишењето. Наскоро и мозокот престанува да функционира поради недостаток на крв и кислород. Но, телото не умира одеднаш – различни делови од телото умираат со различна брзина, а стапката е променлива во зависност од индивидуалното тело и околностите на смрт. Погледнете што се случува со телото по смртта.

1. Коса и нокти
Нашироко е познат митот дека косата и ноктите продолжуваат да растат по смртта. Тоа не е точно. Еве што всушност се случува: Без проток на крв, кожата почнува да ја губи влажноста, односно да дехидрира. Тоа предизвикува кожата да се намали и да се повлече назад, што всушност открива повеќе коса и нокти. Затоа изгледа како тие се’ уште да растат.

2. Рефлексивна мускулна активност
Ткивата продолжуваат да живеат кратко време по смртта. Бидејќи тие ги вклучуваат и мускулите, тие може да се контрахираат, предизвикувајќи рефлексни активности. Во научната литература се среќаваат записи за посмртни грчеви до 12 часа по смртта, што не носи до следната точка…

3. Ерекција
Во зависност од положбата на телото за време на смртта, крвта се насобира во одредена област и бидејќи се’ уште содржи кислород и хранливи материи, за последен пат ги храни околните клетки кои умираат. По смртта, некои клетки стануваат порозни на калциум, а некои видови на мускулни клетки се активираат. Овој процес води до контракција на мускулите и можна ерекција кај мажите, што може да доведе и до ејакулација.

4. „Вршење нужда“
Додека некои мускули по смртта се згрчуваат, други се олабавуваат. Во меѓувреме, делот од мозокот кој ги контролира овие функции се гаси па следи „нуждата“. Покрај спонтаното олабавување на мускулите, сето ова е резултат и на гасот кој се создава во телото по смртта. Нема што повеќе да се каже за ова.

5. Кожа
Како што споменавме, различни делови од телото умираат со различна брзина. Кожата умира последна.

6.Чудни звуци
Комбинацијата на гасот во телото и згрчувањето на мускулите, вклучувајќи ги и оние кои ги контролираат гласните жици резултира со чудни и понекогаш застрашувачки звуци кои доаѓаат од мртвото тело. Медицинскиот персонал често изјавува дека звуците наликуваат на дишење.

7.Породување
Што би можело да биде пострашно од породување на мртво тело. Еден германски доктор за прв пат го документирал овој феномен и го нарекол „породување во ковчег“. Но, сепак, ова се случува многу ретко кога како резултат на внатрешните гасови фетусот е истуркан низ отворот на вагината, но мора да е наместен на тој начин за главата да излезе прва. Ваков случај е забележан во 2005 година, кај една 34-годишна зависничка од хероин која била пронајдена мртва во 8-миот месец од бременоста и во 2007 година кога 23-годишна жена од Индија се обесила кога и започнале контракциите.

Поддржете ја нашата работа: