Нов светски рекорд во транспорт на квантна информација

Во минатото, со сличен процес се постигнувани слични резултати, на растојание од само неколку метри, меѓутоа научниците беа упорни да ги пратат информациите на многу поголемо растојание, бидејќи фотоните имаат тенденција да ја променат својата ориентација (позната како нивната поларизација) додека патуваат преку оптички влакна, и веднаш штом тоа се случи, корелацијата со спин електронот ја снемува и доаѓа до губење на информацијата. Тимот од Универзитетот Стенфорд успеа да ја задржи таа корелација низ скоро 2 км од оптички влакна, поставувајќи нов рекорд за пренос на квантни информации. Според Лав Ју кој е еден од главните на проектот:

„Оваа работа може да го отвори патот за идните квантни мрежи кои може да испраќаат високо безбедни податоци низ целиот свет”.

Па, како да се зачуваат квантните информации во фотони кои имаат тенденција да ја менуваат нивната поларизација цело време? Наместо да постават корелација помеѓу поларизацијата и електронскиот спин, Ју и неговиот тим создале еден вид „временски печат“, така што тие би можеле да ги поврзат времето на пристигнување на фотонот со спинот на еден електрон. Истражувањето е објавенo во „Nature Nanotechnology и можете да го погледнете во целост преку следниот линк.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt