Едно сосема поинакво пијано

Модерното пијано стана стандардизирано, со многу малку промени во основниот дизајн, во текот на последните 100 години. Жиците се поставени дијагонално, прекрстувајќи се во форма на “Х“ со што звукот е концентриран на центарот на таблата.

Баренбоим се инспирирал и решил да експериментира со дизајнот на пијаното откако во септември 2011 година ја посетил Италија и свирел на пијаното на Франц Лист. „Топлите тонови на традиционалните инструменти со прави жици многу се разликуваат од хомогениот тон на модерното пијано“, вели тој.

Својата идеја за ново пијано ја развил заедно со Крис Маин, белгиски произведувач на инструменти, со поддршка од “Steinway & Sons“.


Новото пијано всушност го комбинира пијаното какво што било порано и сегашното модерно пијано, односно ги комбинира допирот, стабилноста и моќта на модерното пијано со транспарентниот квалитет на звукот и препознатливата боја на историско. Нема мешање или хомогенизирање на звукот, што овозможува многу можности за експериментирање со бојата. Можеби ова ќе стане стандарден модел за идните генерации.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt