Австралиска „хеви метал“ пчела (ВИДЕО)

Австралиските научници успеале да направат снимка како пчелата „Amegilla murrayensis“- која е домородна австралиска пчела, опрашува цвет на чери домат.

Доктор Катја Хогендорн, експерт за австралиски пчели и нејзините колеги откриле дека оваа пчела го собира поленот така што со главата удира во прашникот на цветот и тоа неверојатни 350 пати во секунда.

Пчелата го држи цветот со своите нозе и во исто време вибрира со мускулите на градниот кош. Овие вибрации потоа на некој начин се пренесуваат на главата на пчелата. Ваквите вибрации обично ги покренуваат крилата на пчелата, но во овој случај крилата остануваат неактивни, а целата енергија се користи за да се затресе прашникот.

Бумбарите во Северна Америка на ист начин вршат опрашување, но тоа го прават директно со мускулите од градите, кои вибрираат 240 пати во секунда.

На видеото, на забавена снимка може да ја видите техниката на оваа неверојатна пчела во акција.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.