Роверот „Curiosity“ неочекувано вклучи безбедносен модул

Роверот „Curiosity“ на НАСА на 2 јули, за време на викендот, неочекувано се вклучи во безбедносен модул и во моментов е во мирување на површината на Марс, се вели во соопштението на НАСА.

Тоа значи дека роверот престанал со сите активности и само се одржува себеси и комуникацијата со Земјата во живот. Инженерите се’ уште не се сигурни што се случило, но испитувањата покажуваат дека можеби се работи за некаков проблем помеѓу камерата и софтверот за обработка на податоци во главниот компјутер.

Добрата вест е дека „Curiosity“ засега е стабилен и комуницира со контролерите на Земјата, но за повторно да почне да работи тимот на НАСА најпрво треба да открие што точно се случило.

Најверојатно тоа ќе го дознаат во следните неколку дена, како што ќе пристигнуваат податоците од роверот, па ќе треба трпеливо да почекаме додека нашиот омилен ровер да се погрижи за себе.

Нема потреба за загриженост бидејќи ова не е прв пат роверот „Curiosity“ да премине во безбедносен модул – во 2013 година тоа се случи 3 пати поради софтверски грешки и секој пат НАСА успеваше да ги поправи во целост, па истото го очекуваме и овој пат.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.