Промените на фејсбук ќе го загрозат постоењето на малите интернет портали

Фејсбук направи драстична промена во алгоритмот за тоа кои информации ќе ги добивате први, а кои воопшто нема да ги добивате. Идејата позади овој потег е корисниците на фејсбук да добиваат повеќе информации за нивните пријатели а помалку од фан страните кои ги следат, иако според некои аналитичари ова ќе значи дека тие кои ќе имаат доволно средства да му плаќаат на фејсбук ќе можат да продолжат со работа при што фејсбук би го зголемил профитот.

Значи иако сте ја лајкнале нашата страна и очекувате квалитени содржини од светот на науката и технологијата, доколку не појдете на нашата фејсбук страна и кликнете врз копчетo LIKED и селектирате See First во наредниот период ќе добивате се помалку и помалку информации од нашата страна.

За да нашиот и ваш интернет портал продолжи да функционира многу е важно да имаме доволен број на читатели кои редовно ќе го посетуваат порталот па поради тоа ве замолуваме да ги направите промените на вашиот фејсбук што поскоро и почесто да ги споделувате интересните содржини.

Големината и масовното користење на фејсбук доведе до тоа да повеќето корисници чекаат некоја интересна содржина да им се појави на фејсбук притоа се помалку посетувајќи ги директно омилените интернет портали. Па сега, со оваа промена, најголем удар ќе претрпат интернет порталите кои не се финансирани од ниедна организација, партија или спонзор.

Со почит,

Тимот на енаука.мк

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt