Три милиони нови корисници се пријавиле на апликацијата Телеграм во последните 24 часа, во периодот кога “паднаа” Facebook, Instagram и WhatsApp.
Телеграм е сервис за пораки, сличен на WhatsApp и моментално го одржуваат донации, за разлика од Фејсбук кој го одржуваат реклами кои ги следат податоците од корисникот. Од Телеграм нагласуваат дека ја штитат приватноста на корисниците и тоа им е едно од главните правила.
“Се чини дека три милиони нови корисници се пријавија на Телеграм во последните 24 часа. Одлично. Ние имаме приватност и неограничен простор за се”, пишува извршниот директор на Телеграм.
Поддржете ја нашата работа: