Телефоните не ве прислушуваат, но испраќаат слики од вашите активности

Едно од бројните прашања на кои Марк Цукерберг и тимот од Фејсбук мораа да одговорат откако беа објавени информации за споделување на корисничките податоци со Кембриџ Аналитик, е поврзано со наводното прислушување на паметните телефони.

Според некои тврдења, паметните телефони, односно апликациите прислушуваат разговори од корисниците со цел од содржината на нивните разговори да дознаат повеќе информации за нивните интереси и да ги искористат податоците за прикажување на огласи.

Во тој контекст се спомнува и Фејсбук – некои корисници на таа мрежа тврдат дека набрзо откако разговарале на телефон, почнале да им се прикажуваат реклами за производите за кои се заинтересирани.

Од Фејсбук ваквите тврдења се одбиени и уверуваат дека не ги прислушуваат корисниците. Затоа, научниците од Североисточниот универзитет спровеле истражување на повеќе од 17 000 апликации за Андроид за да дознаат дали тие апликации ги прислушуваат корисниците.

Добра вест е дека не се пронајдени докази за прислушување, но сепак откриле некои загрижувачки методи со кои се служат девелоперите на апликациите. Имено, се покажало дека некои апликации снимаат прикази од екранот на телефонот и ги испраќаат на сосема други страници.

Како за пример ја навеле апликацијата GoPuff, која правела слики и видеозаписи за потоа да ги испрати до аналитичката компанија AppSee. Не е невообичаено дека апликациите собираат и испраќаат податоци на аналитичките компании кои им помагаат во подобрување на ефикасноста, но проблем е што во правилата за користење и приватност на GoPuff не постојат никакви информации за имената пракса.

Научниците велат дека ова е голем проблем бидејќи покажува дека е едноставно да се документира она што корисниците прават на својот мобилен телефон, бидејќи корисниците без никакво знаење можат да предадат чувствителни и важни информации кои можат да се искористат за бројни измами, кражба на лични податоци, празнење на банкарски сметки и слично.

Поддржете ја нашата работа: