Мајчиното млеко го развива имунолошкиот систем на децата

Според едно ново истражување предводено од Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд, мајчиното млеко ги учи клетките на бебињата да се бранат од инфекции.

„Тоа всушност функционира како вакцинација, но без вистински да се вакцинира бебето“, објаснува главниот истражувач.

Овој т.н. мајчин едукативен имунитет префрла имунолошки клетки од мајката во млекото, кои потоа ги учат клетките на бебето да развијат имунитет на какви било организми на кои мајката била изложена.

Истражувачите велат дека ова е еден начин на кој бебињата се заштитуваат од инфекции за кои понекогаш е премногу опасно да се вакцинираат во детството. Со вакцинирање на мајката за време на бременоста, всушност се вакцинира и бебето преку млекото, што кај некои случаи, како на пример кај туберколозата, е дури и поефикасно отколку вакцинацијата.

Истражувањето е објавено во „Journal of Immunology“.

enauka.mk
9,253наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,109денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.