Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ откриле дека ларвите на молци, кои инаку се хранат со восок од коприва, може да варат и пластика. Ова откритие може да биде многу корисно во борбата против загадувањето предизвикано од тешко разградлива пластика.
Во светот на годишно ниво се произведуваат околу 80 милиони тони пластични производи. Пластиката од која, на пример, се изработуваат кеси и амбалажа за храна, и треба до сто години за целосно да се распадне.
Експериментите покажале дека овој вид на гасеница може да разгради хемиски врски на пластика на сличен начин како што се разградува восокот. Д-р. Паоло Бомбели од Кембриџ и еден од научниците кој работел на истражувањето, за Би-Би-Си вели дека откриле како ларвите од молци, со латинско име Galleria mellonella се способни да разградуваат пластика.

“Ние треба да се разбереме како функционира овој процес. Се надеваме дека ќе бидеме во можност да најдеме техничко решение за да се минимизира проблемот на пластичен отпад”, вели Бомбели.
Научниците веруваат дека важна улога во процесот на разградување на пластичниот материјал имаат микробите кои се наоѓаат во гасеницата. Кога би се идентифицирал хемискиот процес по пат на кој се случува разградувањето, можеби би се применило решавање на проблемот со пластичен отпад, велат научниците.
































