Вештачка рака која може да ги „види“ предметите

Научниците од Универзитетот во Њукасл, Велика Британија направиле протетска рака која може да ги „види“ предметите и веднаш да реши каков зафат треба да направи за да ги фати.

Бионичката рака е опремена со камера, поврзана со компјутер, која го слика предметот, ја проценува неговата форма и големина и веднаш поттикнува серија движења во раката.

Раката засега е тестирана на мал број луѓе, меѓутоа научниците се уверени дека има голем потенцијал.

„Користејќи компјутерски „вид“, ние развивме бионичка рака која може автоматски да реагира – како и со вистинска рака корисникот може да посегне и да фати чаша или бисквит, а притоа доволно е само да погледне во вистинскиот правец. Времето на реагирање е основната бариера за вештачките екстремитети. За многу луѓе со ампутации референтна точка е нивната здрава рака или нога, така што протетската опрема изгледа спора и гломазна. Сега за прв пат имаме „интуитивна“ рака која може да реагира без размислување“- вели др. Кианош Назарпур од Универзитетот во Њукасл.

Успешноста на раката при зафаќање на предметите изнесува 90 проценти, но целта на научниците е да постигнат 100 процентна успешност. Раката е тестирана на слики од 500 предмети.Секој предмет е прикажан со 72 слики од различни агли и со различна позадина, како и најдоброто движење што треба да го направи за да посегне по него. Со методот на обиди и грешки, овој систем успеал сам да научи да ги избере најдобриот начин за фаќање на одредениот предмет.

Следниот чекор според истражувачите е додавање на повеќе сензори на потетската рака за да може да детектира и работи како температура и притисок, со што ќе станат многу послични со природните екстремитети.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.