Научниците конечно откриле начин за лечење на вирусните инфекции?

Меѓународен тим од научници под водство на „RMIT“ Универзитетот во Мелбурн, откриле потенцијален начин за лечење на вирусните инфекции, меѓу кои и на грипот и настинката.

Секоја година само во Австралија пради грип се хоспитализираат 13.500 лица и има околу 3.000 смртни сучаеви особено меѓу лицата над 50 години.

На глобално ниво се работи за над пет милиони заболени, од кои 10 проценти резултираат со смрт.

Истражувачите откриле дека еден биолошки процес стар 1,5 милијарди години кој се одвива во билките, габите и цицачите, го зголемува ширењето на вирусите кај глувци и дека е многу веројатно дека истото се случува и кај човекот.

Тие го идентификувале протеинот Nox2 оксидаза, кој се активира од страна на вирусите, вклучувајќи го и вирусот на грип, риновирусите, денга и ХИВ вирусот. Кога ќе се активира Nox2 оксидазата ја потиснува способноста на телото да се бори против инфекцијата.

Истражувавачите откриле дека протеинот Nox2 оксидаза, кој се активира од вирусите е лоциран во дел од клетката што се нарекува ендозом. Тие направиле модификација на една хемикалија која го инхибира или ограничува дејството на Nox2.

Се покажало дека овој прилагоден лек успешно ги сузбива инфекциите предизвикани од вирусот на грип.

„Третманти што сега ни се на располагање имаат имаат многу мал или непознат ефект врз вирусите. Ние идентификувавме протеин од имунолошкиот систем кој допринесува за развој на болеста предизвикана од вирусите на грипот. Исто така развивме нов систем кој влијае на овој протеин и драстично ги ублажува последиците од вирусната инфекција“– вели др.Ставрос Селемидис од „RMIT“ Универзитетот.

Истражувањето е објавено во списанието „Nature Communications“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.