Сонот игра неверојатна улога во мисијата за здрав имунолошки систем

Научна студија покажа дека луѓето кои спијат пет или помалку часа во текот на едно деноноќие имаат 17 отсто поголеми шанси да настинат и цели 51% да добијат некаква инфекција.

 „Сонот игра неверојатна улога во мисијата за здрав имунолошки систем“ – вели авторот на студијата, др. Арик Потер, од Универзитетот во Калифорнија.

Истражувањето е спроведено во тек на осум години на 22 726 возрасни лица.

И поранешни студии на оваа тема имаат покажано дека недостатокот од сон е поврзан со можноста за заболување од настинки, но оваа студија открива дека колку помалку спиеме, толку повеќе имаме шанса да се здобиеме со некоја инфекција. Сонот всушност го подготвува нашето тело за борба против различните видови на вируси.

enauka.mk
9,242наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.