Американската компанија SpaceX на познатиот Илон Маск успеа успешно да лансира тајвански сателит притоа користејќи делумно рециклирана Фалкон 9 ракета.
„Рециклираниот“ Фалкон 9 успешно го однесе во орбита „Formosat-5“ – првиот сателит за надгледување на земјата кој беше целосно дизајниран и изработен во Тајван.
Успешното лансирање се изврши од Калифорниската воздухопловна база Вандерберг и истото е окарактеризирано како чекор поблизу кон поевтин свемирски транспорт на луѓе и материјали.
































