Франција ги забрани пестицидите кои се одговорни за намалување на бројот на пчели

Во Франција стапи во сила забраната на 5 видови неоникотиноидни пестициди, со што оваа земја го зазема првото место во борбата против хемикалиите кои се одговорни за огромното намалување на бројот на пчели.

Ваквата одлука беше поздравена од активистите за заштита на околината пчеларите, но се спротивставуваат одгледувачите на шеќерна репка и жито, кои тврдат дека немаат ефективна алтернатива во зачувување на културите од штетници.

Имено, во ЕУ во сила е забраната на три вида неоникотиноиди во културите: имидаклоприди, клотианидини и тиаметоксами. Франција забрани уште два вида – ацетамиприд и тиаклоприд, но не само во полињата, туку и во оранжериите.

Во употреба уште од деведесеттите, неоникотиноидите се базираат на хемиската структура на никотин и го напаѓаат централниот нервен систем на инсектите. Се веруваше дека се помалку штетни од пестицидите, па и денес се користат за заштита на култури, лозови насади, жито и овоштарници. Во меѓувреме, откриено е дека истите им штетат на пчелите, нивниот репродуктивен циклус, навигациски способности и отпорноста на болести.

ОН неодамна предупреди дека речиси половина од светските природни опрашувачи (особено пчелите и пеперутките) се исклучително загрозени. Овој податок загрижува, бидејќи 1,4 милијарди работни места во светот, и три четвртини од сите култури зависат од опрашувачите, посебно од пчелите бидејќи опрашуваат бесплатно.

Додека дел од француските земјоделци се огорчени поради забраната, француската агенција за јавно здравје е контрадикторна и тврди дека има сосема доволно ефективни и оперативни замени за пестицидите. Од друга страна, има и такви кои сметаат дека не би требало да се ограничуваат само на тој вид пестициди.

И Канада на почетокот на месецов најави дека има намера постепено да ги исфрли некои видови пестициди од употреба како што се клотиандинот и тиаметоксамот, исто затоа што предизвикуваат драматично намалување на бројот на пчелите.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.