Виетнам: Наместо пластични кеси за зеленчук користат листови од банана

Многу Виетнамски трговски центри се приклучија на кампањата за избегнување користење производи од пластика, па така во обид да придонесат за заштита на животната средина, одлучиле зеленчукот наместо во пластични кеси да го пакуваат во листови од банана.

Трите најголеми виетнамски трговски центри, Lote Mart и Saigon Co.op во Хо Ши и Big C, од неодамна наместо во пластични кеси за зеленчук користат листови од банана.

Купувачите во Лоте Март во Хо Ши Мин биле изненадени, однеодамна младиот кромид, бамјата и друг зеленчук го добиваат завиткан во лисја од банана, а компанијата по пробниот период планира да се прошири нивната употреба во сите трговски центри во земјата. По зеленчукот и свежото месо ќе се пакува во лисја од банани.

Лоте Март нуди и амбалажа за храна направена од шеќерна трска, а Биг Ц од Ханој на клиентите им нуди целосно биоразградливи кеси направен од пченка во прав.

Според официјалните податоци, Виетнам секојдневно произведува околу 2.500 тони пластичен отпад, а според УНЕП, таа земја се наоѓа на четвртото место во светот според количината на пластичен отпад што се фрла во океанот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt