НАСА: За првпат регистрирани земјотреси на Марс

Роботското летало „Инсајт“ на НАСА, кое од ноември минатата година се наоѓа на Марс забележа благ земјотрес на Црвената планета.

Аганцијата АП информира дека се верува оти станува збор за првиот земјотрес на Марс, кој некогаш е регистриран.

Според информациите, мониторот за земјотреси кој е вграден во леталото, регистрирал слаб сигнал на 6 април, а научниците одлучиле ваквата вест да ја споделат во јавноста.

Иако е забележан шум кој потсетува на нежен ветер, научниците веруваат дека звуците доаѓаат од внатрешноста на Марс.

Францускиот научник, Филип Лонжон, кој е задолжен за овој експеримент бидејќи европските вселенски агенции го опремиле леталото „Инсајт“, рекол дека возбудливо е тоа што конечно имаме доказ оти планетата е сеизмички активна.

Научниците продолжуваат да ги анализираат добиените податоци, како и три послаби сеизмички сигнали што се забележани.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.