„Казахстанскиот Тутанкамон“ гостин во Македонија

Во Археолошкиот музеј од денес е отворена изложба со која се представува дел од културното наследство на Казахстан.

Изложбата насловена „Великата степа: историја и култура“ ќе биде отворена до 11 август, а влезот ќе биде бесплатен

Во фокусот на изложбата е Златниот човек од 5 век п.н.е. познат како „Казахстански Тутанкамон“ кого научниците го идентификувале како 18-годишен воин од скитското племе Сака.

Откриен бил од археолозите во 1969 година во гробница на локалитетот Исик, 50 километри источно од градот Алмати. Покрај златниот воин, изложбата ќе претстави речиси 200 други вредни археолошки наоди,меѓу кои и сребрената чаша од Исик со сè уште недешифриран натпис, значајна зашто сведочи дека писменост во Великата степа во централна Азија постоела и пред три илјади години.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt