НАСА го прошири системот за комуникација со далечниот космос

НАСА пушти во употреба нова радиоантена со дијаметар од 34 метри во комплексот Голдстоун, Калифорнија. Антената, означена како Deep Space Station 23 (DSS-23), ќе го зголеми капацитетот на мрежата Deep Space Network (DSN), која одржува врска со вселенски летала на големи растојанија.

DSN моментално го користат повеќе од 40 мисии, меѓу кои „Војаџер 1“, „Војаџер 2“ и „Њу хoрајзонс“. Растечката побарувачка веќе создава ограничувања, особено поради мисиите „Артемис“, чии екипажирани летови околу Месечината имаат приоритет во комуникацискиот распоред.

Мрежата се состои од три главни комплекси — Голдстоун во Калифорнија, Мадрид во Шпанија и Канбера во Австралија. Во секој комплекс има голема антена од 70 метри и неколку помали, а новата DSS-23 е приближно половина од големината на најголемите антени.

Новата станица започнала со работа на 3 август, кога следела комуникација со опсерваторијата „Чандра“. DSN има клучна улога во вселенските истражувања уште од 1963 година, вклучувајќи ја и комуникацијата за мисијата „Аполо 11“, како и преносот на снимки од роверите на Марс и податоците од леталата „Војаџер“.

DSS-23 е петта од шесте нови антени планирани во рамките на проектот Aperture Enhancement, започнат во 2009 година. Последната антена, DSS-33, треба да биде пуштена во употреба во Канбера во 2029 година. Проектот, сепак, значително ги надминал првичните проценки — од 362,4 милиони долари во 2015 година до околу 706 милиони долари според очекувањата во 2023 година.


НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.