Аеродроми во САД ги скенираат и лицата на граѓаните

Царинската и граничната заштита очигледно не треба да добијат дозвола од Конгресот за да започнат со користење на технологиите за скенирање на лицата на граѓаните на САД, пишува Mashable.

Официјалните претставници на Интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон и Меѓународниот аеродром Логан во Бостон неделава почнаа да ги скенираат лицата на граѓаните на САД и другите патници, на одредени летови.

Конгресот досега го има девет пати усвоено законодавство со кое се дозволува употреба на биометриска технологија за граѓаните кои не се државјани на САД, како начин да се потврди кога странците влегуваат и излегуваат од земјата, но тие никогаш не овластиле тоа да се прави и врз граѓаните на САД, велат експерти за Законот за набљудување.

„Тоа е вознемирувачко”, смета Харисон Рудолф, правен соработник на Универзитетот Џорџтаун, кој се фокусира на примената на технологијата и правната политика. „Има причина да се размислува дека ова е само почеток и дека се повеќе аеродроми ќе почнат да скенираат“.

Во соопштението за Хјустон, Царинската и граничната заштита пишува дека фотографиите на државјани на САД кои успешно се совпаднале со пасошката фотографија „автоматски е пропишно да бидат надвор од опсегот на биометриски излез и фотографијата се ќе биде избришана  по краток временски период”. Агенцијата потоа ги уверува дека нејзините службеници се посветени на приватноста.

Сепак тие не објаснуваат како, зошто и дали ги споделуваат фотографиите направени од технологијата за препознавање на лице, што ја остава вратата отворена за многу можни злоупотреби.

Извор: Радио МОФ
Поддржете ја нашата работа: