Амазон ќе тестира летечки дрон-поштар

Најголемиот интернет трговец Амазон многу скоро ќе почне да го тестира својот дрон- поштар во Велика Британија.

Амазон од 2013 година нестрпливо очекува да го тестира овој дрон кој би требало да испорачува помали пакети до пред врата на купувачот. За таа цел направи серија измени на дронот, но не успеа досега да го тестира поради законските ограничувања поставени од Федералната управа за авијација на САД . Поради тоа, Амазон тестирањата ќе ги префрли во странство, во парнерство со Британската влада.

„Во рамките на партнерството, Британскиот регулатор за авијација ќе му дозволи на Амазон да тестира неколку аспекти од оваа технологија, меѓу кои и управувањето на леталото кога е надвор од видното поле на операторот – она што Федералната управа за авијација на САД не го дозволува. Тестирањата, кои се важен знак за доверба во Велика Британија, после нејзиното историско гласање за излез од ЕУ минатиот месец, ќе зпочнат веднаш“- пишува „The New York Times“.

Борбата на Амазон со федералната управа за авијација на САД кулминираа во пролетта  2015 година, кога управата конечно му даде дозвола на Амозон за тестирање на дроновите доколку Амазон измени сѐ во начинот на кој тие сакаат да ги управуваат дроновите. Набргу потоа, Амазон одговори дека, наместо тоа решиле своите дронови да ги тестираат во странство, во Канада и Данска. Новото партнерството со Британската влада е само уште едно проширување на таа одлука.

Поддржете ја нашата работа: