Армијата на САД тесира ново оружје кое го има истото име со рачниот ласер од „Ѕвездени патеки“. Развиено од страна на „Raytheon“, ова оружје наречено „Phaser“ може да ги онеспособува дроновите и се останато што е електронско.
Воздушната одбрана на Армијата, која со децении нема направено ништо поради големата надмоќ на Америка во воздухот, повторно е во центар на вниманието во борба против нова закана.
Загриженоста поради вооружените дронови, особено со нападите од страна на Исламската држава против коалициските сили, повторно ја активирала оваа служба. Сега тие го тестираат новото оружје „Phaser“ за соборување на непријателски дронови.
„Phaser“ е виско-напојуван предавател на микробраново зрачење сместен на врвот на 20-метарски превозен контејнер. Придружните радари би ја откриле и следеле целта, па потоа би ги предале тие податоци на „ Phaser“. Потоа тој, напојуван од дизел генератор, може да насочи директер удар на микробранова енергија во правец на дроновите, со што енергијата ги прегорува контролните системи, запирајќи ги нивните мотори и предизвикувајќи дроновите да се урнат.
Ова оружје се разликува од другите технологии против дронови. За разлика на пример од ласерите, кои испуштаат тенок зрак на интезивна светлина со што треба да нишанат во секој дрон, „Phaser“ емитува откос на микробранова радијација со што со еден истрел може да собори јато на дронови.
Ефикасноста на системот не е ограничена само на дронови, туку работи и на каква било елетроника, што значи дека влијае на автомобили, импровозирани електронски уреди, хеликоптери во лет, всушност на се што користи интегрирани кола.
Ова оружје започна со тестирање во Форт Сил, Оклахома – домот на Воздушната одбранбена артилерија, во 2013-тата година, меѓутоа беше објавено неодамна, со што некои детали, како максималниот спектар на оружјето, остануваат во тајност.