Кога процесот на анодизација се применува на алуминиум, создадена е површина наречена Алумина, која се покажала како ефикасна во спречување на сурогати на две познати патогени, „Escherichia coli O157: H7“ и „Listeria monocytogenes“. Истражувањето, објавено во списанието „Biofouling“, исто така истражува како големината на нанопорите влијае на силата на одбивање на бактериите.
Ова е веројатно еден од најефтините начини за создавање на наноструктури на метална површина. Наоѓањето на евтини решенија за ограничување на бактерииите е важно, особено во биомедицината и производството на храна.
Постојат и други стратегии за ограничување на бактериите, вклучувајќи хемикалии и бактерициди, но тие имаат ограничена примена, особено кога станува збор за преработка на храна. Анодизираниот метал, исто така, би можел да има примена и во морнарицата, штитејќи ја површината на бродот од алги.
Истражувањето е финансирано од Американското министерство за земјоделство.