Apple со новиот iPhone ќе ги претстави новите паметни очила

Со оглед на бројните гласини во врска со развојот на новите паметни очила, се чини дека веќе не станува збор за тоа дали Тим Кук ќе го претстави овој гаџет, туку е прашање кога службено ќе ги најави. Првичните информации се дека ќе мора да почекаме неколку години, но последната вели дека тоа би можело да биде оваа година.

Apple на развојот на очила работи со Carl Zeiss, и најверојатно се работи за тенки и лесни очила со мал екран кој ќе може да се поврзува со iPhone, или со некој друг гаџет. Ова е голема година за компанијата бидејќи слават 10 години од претставувањето на својот најважен производ iPhone, кој им носи профит од милијарди долари, и за тоа што спремаат паметни очила.

Тим Кук, овој гаџет ќе го претстави заедно со новиот iPhone 8 на конференцијата во септември, а Daily Mail пренесува дека гаџетот ќе биде претставен веднаш откако компанијата ќе го пресели своето седиште во вселенското летало, кое многу го нарекуваат вселенски кампус на чиј дизајн работеше Стив Џобс.

Apple, веќе подолго време нема претставено уред кој ќе и донесе нов голем извор на заработувачка на компанијата, последниот таков уред беше iPad, но неговата продажба во последно време е се послаба,а ако продажбата на неговиот часовник нарасна после намалената цена, сепак тој не остана популарен на пазарот како што се очекуваше. Поради тоа, на оваа компанија и се потребни нови уреди, односно нови извори за заработувачка, а еден од новитетите треба да бидат новите очила со проширена реалност.

Конкретни детали во врска со новиот уред сеуште нема, туку ќе мора да почекаме до претставувањето, кога ќе дознаеме дали овој уред ќе биде гаџет на иднината.

Поддржете ја нашата работа: