Европската комисија планира да форсира производители на смартфони да прават лесно заменливи батерии

Европската унија може да ги принуди производителите на смартфони, таблети и безжични слушалки да користат батерии што лесно се заменуваат.

Според холандскиот деловен весник Хет Финансие Дагблад, кој доби нацрт на плановите на ЕУ, извршната рака на ЕУ – Европската комисија – подготвува предлог за принудување на продавачите да го сторат ова.

Се планира да се достави предлогот за јавни да се дискутира следниот месец.

Планот на ЕУ се поврзува со поголема цел да го намали е-отпадот – отпадот создаден од излишни, нерециклирани електронски уреди.

Многу смартфони користат прегради за батерии кои ги спречуваат корисниците лесно да ги заменуваат батериите. Таков е случајот со сите паметни телефони Samsung, уште од Galaxy S6, на пример.

Уште повеќе, некои продавачи на паметни телефони не продаваат батерии на паметни телефони на пошироката јавност како самостојни делови. Наместо тоа, тие обезбедуваат батерии за замена само преку специјализирани услуги за поправка. Таков е случајот со многу паметни телефони на Apple и Samsung.

ЕУ проценува дека вкупниот е-отпад создаден во рамките на своите граници во 2016 година изнесувал 12,3 милиони метрички тони, или 16,6 кг во просек по жител.

Тоа е проблем што неодамна се најде во центар на внимание, бидејќи ЕУ се залага за стандардизиран полнач за телефони што работи низ сите брендови на паметни телефони и уреди – уште еден потег насочен кон намалување е-отпад.

Аpple, се спротивстави на оваа идеја во јануари. Технолошкиот гигант, чии „iPhone“ користат конектор наречен Lightning port, тврдат дека „регулативата што ја форсира сообразноста во видот на конекторот ја задушува иновацијата“. Понатаму, тие тврдат дека воведувањето на универзален метод за полнење ќе генерира сопствено трошење. Очекувано, ЕУ ги негира тврдењата на Apple.

Поддржете ја нашата работа: