Археолозите пронашле антички град кој бил оаза за богатите луѓе

Жителите на Харлаа, малиот град во источна Етиопија, отсекогаш се сомневале дека постои нешто посебно во нивниот град. Со години локалните фармери знаеле да извлечат по некое прекрасно шарено камче кое наликувало на драгоцено, стари керамички садови, монети и камени блокови кои биле премногу големи.

Сега, тим од археолози откриле заборавен антички град кој датира од 10 век во источна Етиопија. Артефактите од Египет, Индија и Кина се пронајдени токму во овој град, кој бил центар за трговија, а најмногу се продавал луксузен и скап накит.

Според доказите кои досега се дешифрирани, предметите датираат од 12ти век, но некои монети се направени во 13ти век.

Ова откритие е револуционерно за разбирање на трговијата во археолошки запоставените делови на Етиопија,- вели Тимоти Инсол од Институтот за арапски и исламски студии на Универзитетот во Ексетер.

– Откривме дека ова место било најважниот трговски центар во регионот. Ова место било град на богатите и центар за производство на накит, – додава тој.

 

Поддржете ја нашата работа: