Во Кина откриени 16 фигури од теракота стари 2 000 години

16 фигури на војници од теракота се откриени во Шангдонг, провинција на истокот на Кина.

Весникот “China Daily” објави дека колекцијата ја сочинуваат обоени фигури кои се откриени во текот на истражувањето, кое било започнато минатата година и траело осум месеци.

Активностите започнале со помош на сателитските снимки и снимките од дрон, а станува збор за колекција на фигури на војници и послуга. Се претпоставува дека фигурите потекнуваат од периодот на династијата која владеела од 202 г. пр.н.е. до 8 година н.е.). Интересно е тоа што тие по боја се разликуваат од оние што се изложени во музејот на војската од глина.

Лин Џухаи, од Институтот за култура и археологија во Кингадао, истакнува дека најголем предизвик е да се ископаат фигури, без да се оштети нивната боја. На нивната заштита ќе работат експерти и археолози од сите делови на земјата.

Војската од теракота е откриена во 1974 во близина на мавзолејот на првиот кинески цар Шихуанга. На листата на УНЕСКО е ставена во 1987, а колекцијата ја сочинуваат околу 8.000 војници.

Поддржете ја нашата работа: