Аудио касетите се враќаат во мода

Аудио-касетите, популарни носачи на звук од 80-тите, се враќаат во мода.

Француската компанија „Мулан“ отвори нова фабрика за производство на касети откако побарувачката за овој ретро носач на звук почна да се наметнува од страна на повеќе музички ѕвезди на модерното време, меѓу кои и Аријана Гранде и Џастин Бибер.

„Земете го за пример греењето: имате радијатори дома. Удобно е, но имате можност и да се греете на добар камин. Целта е задоволството. Тоа е касетата или винилот“, вели директорот на компанијата „Мулан“, Жан Лук Рено.

Поддржете ја нашата работа: