Автомобилска икона низ пет генерации – BMW M3

СПОДЕЛИ

Поминаа повеќе од три децении од премиерата на првиот М модел во средната класа, BMW M3 e30. Производството започна 1986 година, а до ден денес се е историја.

Автомобилската икона, првиот BMW M3 кога се појави направи целосна револуција во сегментот на спортски автомобили од средната класа.

Првиот BMW M3 ги постави новите стандарди според кои можеа да се мерат производителите на автомобили, а може да се каже се важат и ден денес, пет генерации потоа. Оделението BMW Motorsport, претходникот на BMW M, бил крајно ригорезен во примената на технологија за автомобилските трки при развивањето на првата генерација BMW M3.

Нивниот труд го создаде првиот спортски автомобил со високи перфоманси изработен врз основа на серискиот модел на BMW. Во текот на трите децении кои следуваа варијации на овој модел, но дизајнерите даваа се од себе да се зачува првичниот М3 карактер на возилото.

Крајниот исход на сето тоа е фактот дека не постои нити еден друг автомобил кои така истакнато ги спојува тркачките карактеристики на спортскиот автомобил, без да влијае врз едноставноста за секојдневна употреба во таков возбудлив пакет.

Создавањето на BMW M3

За првата генерација на BMW M3, примарниот цел бил користење во брзински автомобилски трки. BMW M3 не беше обид да се произведе спортска, шминкана верзија на серискиот модел. Тој е создаден да се развие тркачки автомобил за натпреваруввање кој исто така би бил достапен и за јавниот сообраќај.

Возилата биле наменети за категоријата на трки Група А, кое во тоа време важело за национално првенство на Германија. Правилата на Група А наложувале, за да може да се помине хомологацијата на тркачки автомобил, возилото мора да има продадени 5.000 примероци за 12 месеци.

Фактот во исто време да развиваат сериска и тркачка верзија на автомобил со воодушевување го прифатиле вработените во BMW, знаејќи каква подлога имаа во серискиот модел. Кинематиката, осовините, амортизацијата биле веќе подготвени, како и сопирачкиот систем каде ги споија стандардниот ABS систем со дисковите.

Го имаа и деталот со менувачот, првата брзина лево доле што недвосмислено кажува дека станува збор за спортски автомобил.

BMW M3 1

И порај сето тоа, огромни напори се правени да се намали тежината на возилото. Додека каросеријата е изработена од метал на традиционален начин, предните и задни браници, како и страничните прагови, капакот на моторот, спојлерот изработени се од цврста пластика.

Дизајнерите на BMW Motorsport ја доработија и аеродинамиката на автомобилот, така што С столбот на BMW M3 е нешто со помал агол. Тоа овозможува протокот на воздухот да биде поефикасно насочен кон задниот спојлер.

Инжинерите на Motorsport користеа дволитарски, четирицилиндричен мотор од сериско производство како основа за моторот на BMW M3, бидејќи малата тежина и способноста за висок број на вртежи ги исполнуваа основните потреби на еден агрегатор за трки. Меѓутоа, како би ги задоволиле идеите на инжинерите од сериски да направат моќен тркачки мотор, мораа да му додадат дополнителна снага.

Најпрво го зголемија на 2.3 литри, со пренамена за четири вентили и други измени за кои не наидоа на дополнителни комплакации, се благодарејќи на можноститие на серискиот мотор за дополнителни модификации. Коленастото вратило на BMW M3 без проблем ги издржувало потребните 10.000 вртежи во минута, иако бил дизајниран за серискиот модел со 6.750 вртежи.

BMW M3 Е30

Некаде во март пред 30 години започна сериското производство на првиот BMW M3 e30. Тоа е првото поглавје во приказната за успехот за која нема споредба во автомобилската индустрија. 2,3 литарски, четирицилинричен мотор со технологија на четири вентили развивале 200 КС и бил во состојба да го катапултира М3, кој тежел 1200 килограми од 0 до 100 за само 6.7 секунди.

Најголемата брзина која може да ја достигне била 237 километри на час. 1988 година претставен е моделот EVO, со 22о КС, после тоа во 1990 година следува последниот стадиум на првата генерација BMW M3 Sport Evolution со 2,5 литарски мотор и 238 КС, кој е произведен во ограничен број од 600 возила.

BMW M3 Е36

Втората генерација на BMW M3 која овој пат не е развиена само за користење во автомобилските спортови. Претставен во 1992 година, шестоцилиндричниот мотор развивал снага од 286 КС, благодарение на три литарскиот со максимален вртежен момент од 320 њутни метри.

Новиот модел обори два светски рекорди во тоа време, за најголема снага по литар и најголем вртежен момент за мотор со сериско производство со природен проток на воздух. (без турбина)

Новииот фејслифт во 1995 година, поддржан со надградбата на шестоцилиндричниот мотор од 2990 на 3201 кубици, со што снагата е зголемена на 321 КС го прави најпосакуван автомобилски ѕвер помеѓу заљубениците во автомобилите. Со редизајнот во 1996 постанува првиот сериски автомобил кој нуди SMG менувач, електрохидрауличен автоматски, рачен менувач.

BMW M3 Е46

Со алуминиумски капак и алуминиумска купола на моторот, истакнато проширени лакови на тркалата, аеродинамична оптимизирана задна врата на багажникот со заден спојлер четири издувни цевки кои излегуваат од двоен издувен систем, третата генерација на BMW-a M3, претставена е во 2000 година.

Со својот дизајн и шестоцилиндричен мотор со снага од 343 КС и 3246 кубика и повторно најгоем вртежен момент од 365 њутни метри, со самото симнување од производствена лента остави силен траг во авто индустријата.

BMW M3 Е92

Кога сите очекуваа да не се чепка веќе докажаниот шестцилиндричен мотор, четвртата верзија на BMW M3, претставен во 2007 година, под хаубата имаше V8 мотор со висок број на вртежи со 420 КС. Високо интелигентет, лесен дизајн. Кров од пластика зајакнат со карбонски влакна и предна осовина скоро целосна од алуминиум.

BMW M3 F80

Последната петта генерација на BMW M3, јавноста ја виде пролетта 2014 година. Во склоп со промените на номенклатурата за моделите на BMW. Овие сериски модели само лимузината со пет врати го носи називот М3, додека купе и кабрио варијантите добија ознака M4.

Кај сите три варијанти силата доаѓа од проверениот шестцилиндричен мотор, со висок број на вртежи и M TwinPower Turbo технологија, со 431 КС. Ригорозните применети елементи на тн. интелигентен каросериски дизајн, вклучувајќи лесни материјали како пластика појачани со карбон влакна и алуминиум. Сите тие додатоци ја намалија тежината за околу 80 килограми на автомобилот.

Во соработка со Gostivarpress.mk

 

 

 

 

 

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ