Биткоинот е вреден над 9000 долари и продолжува да расте

Вредноста на биткоинот овој месец за прв пат по долго време достигна вредност од над 9000 долари, иако многумина предвидуваа дека ќе падне. Овој април е најдобриот април од 2013 година навака, бидејќи порасна за 30% во однос на март, оваа година.

Пред само неколку недели Barclays даде прилично храбри прогнози во својот годишен извештај, па трговците со биткоин најверојатно се мотивираа да ги завртат работите во своја корист.

Тоа се темели на споредбите на движењето на цените на криптовалутите и на моделот на ширење некој вид епидемија која го допира човештвото, што можеби звучи бизарно, но сепак Barclays се одлучи на таков метод.

Еден тим од аналитичари, предводени од Џозеф Абате носи заклучок дека биткоинот има идентични карактеристики како вирусот на грип. Се шири до едно ниво и кога сите ќе станат свесни, тој запира па следи неизбежен пад.

Во декември, минатата година, цената на биткоинот изнесуваше 19 483 американски долари, а сега е на 9269,7 долари што е повеќе отколку двојно послаб. Но падот беше очекуван, она што не беше очекувано е дека следи вакво опоравување. Натаму, може да се каже дека најлошото веќе помина, и биткоинот може да оди само нагоре.

Сето ова јасно покажува колку всушност биткоинот е силен и поиздржлив од конкуренцијата, која остана потресена од сите случувања, бидејќи ниту една од силните криптовалути, од етерумот, до риплот не е независна, туку состојбата со биткоинот се одразува на секоја од нив. Ако паѓа биткоинот, ќе паѓаат и тие.

Што се однесува до критичарите, како и нивните постојани црни прогнози, покажува нивна неспремност за следниот бран кој ќе покрене нови генерации кои ќе бидат спремни да го отфрлат традиционалниот начин на извдување на трансакции.

Поддржете ја нашата работа: