„БМВ“ повлекува 1,6 милиони возила поради опасност од пожар

СПОДЕЛИ

Германскиот произведувач на автомобили БМВ (BMW) повлекува околу 1,6 милиони дизел возила во Европа и Азија заради потенцијална опасност од пожар во нивните мотори.

Повлекувањето доаѓа по истрагата на БМВ, со која е откриено дека течноста за ладење на моторот може да истече од единицата за рециркулација на издувните гасови. Дефектот може да доведе до фрлање искри во текот на возењето, а во „екстремни случаи” и да предизвика пожар, соопшти компанијата.

Германската компанија претходно повлече околу 480.000 возила од Азија и Европа, бидејќи во Јужна Кореја биле пријавени пожари, а засега немало повредени. Се повлекуваат возилата со четирицилиндрични и шестцилиндрични мотори, произведени помеѓу 2010 и 2017 година, прецизираа од БМВ.

Компанијата соопшти дека ќе изврши тестирање и по потреба ќе ги замени компонентите.

Во соработка со Gostivarpress.mk

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ